Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот, планински дел на Иран, при што се повредени најмалку 76 лица.

По земјотресот во прекин се електричните и комуникациските врски.

Земјотресот е регистриран во градот Сисакт, околу 700 километри кужно од Техеран. Во градот живеат околу 10.000 луѓе.