Бројот на вработени на платните списоци на британските компании се намали во април и мај за повеќе од 600.000 луѓе. Стапката на невработеност неочекувано остана на 3,9 проценти за трите месеци до април, и покрај рекордниот пад на целокупната економска активност во периодот, откако компаниите аплицираа за владината програма за исплата на дел од платата за вработените со цел да се зачуваат работните места.

Програмата за принуден одмор, која сè уште гарантира дека нема да има масовно губење на работните места, треба да трае до крајот на октомври, при што работодавците од август треба да учествуваат во трошоците за плаќање плати за привремено отпуштените работници.

Многу компании веќе најавија постојани отпуштања, меѓу нив и градежната компанија „Травис Перкинс“, која објави дека ќе ја намали работната сила за околу девет проценти, што е 2,5 илјади работни места. Авиокомпаниите отпуштија повеќе од 15.000 вработени во Велика Британија.

Според досега ажурираните бројки, врз основа на даночните податоци, бројот на лица на платните списоци на компаниите е намален за 612.000 во април и мај.

Државната програма за зачувување на работата опфаќа девет милиони работни места во Велика Британија.