Јули е најсмртоносен месец во последните неколку години во Јапонија, при што над 330 луѓе загинаа во временските непогоди што ја зафатија земјата.

Во обилните дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западениот дел на Јапонија загинаа најмалку 220 луѓе, додека девет сė уште се водат како исчезнати.

По дождовите уследија рекордно високи температури на воздухот, кои се искачија до 40 степени Целзиусови при што починаа 116 лица.

Бројот на смртни случаи е прилично висок дури и за земја подложна на земјотреси, вуклански ерупции и тајфуни.