Најмалку 31 лице е убиено ноќеска во двоен самоубиствен напад на членовите на исламистичката група Боко Харам на североистокот на Нигерија, пренесува АФП.

– Минатата ноќ се изведени два самоубиствени напада и одекнуваа експлозија во Дамбоа, 31 лице е убиено и неколкумина се ранети – соопшти припадник на локалната полиција.

По двојниот напад џихадистите врз насобраната толпа почнала да фрла и гранати, поради што бројот на жртвите е уште поголем.

Нападите биле насочени против луѓето што го прославувале крајот на Рамазан.