Над 30 торнада се забележани ширум САД за време на бура која донесе град и силни ветрови, пренесоа медиумите.

Во државата Колорадо, северно од Денвер, паѓаше град со големина на топчиња за голф. Најголема закана има за Тексас, Оклахома и Канзас. Метеоролозите велат дека торнадата се формираат од група на неколку поврзани бури.

Засега не е пријавено дека има повредени, ниту пак има извештаи за материјална штета.