Најмалку 25 лица се водат за исчезнати, по потонување на брод со бегалци во Венецуела. Четири лица се спасени и вратени во градот.

– Овој трагичен инцидент, што се случи во средата, го потенцира неверојатниот ризик од морските патувања и другите погранични движења на бегалците и мигрантите. Исто така, го истакнува и очајот на тие кои се присилени да ги напуштат свопите домови и да се соочат со неверојатни потешкотии на своите патувања – изјави портпаролот на УНХЦР, Бабар Балок на денешниот брифинг во Женева.

Според податоци на УНХЦР повеќе од три милиони луѓе побегнале од Венецуела од 2014 година поради недостиг на храна, лекови и хаотичната состојба во земјата.