Во епидемијата на ебола во Конго, која избувна на 1 август 2018 година, досега починале 2.201 лице, соопшти денеска Министерството за здравство на оваа земја.

Борбата против болеста е запрена поради неодамнешните напади врз медицинските работници. Како што се наведува во соопштението, меѓу 20 и 26 ноември се пријавени шест нови случаи на болеста.

Вкупно четири лица задолжени за борба против еболата неодамна беа убиени во напад во источен Конго, а како што велат властите, ОН привремено ја прекинале испораката на хуманитарна помош од безбедносни причини.

Повеќе од 100 цивили се убиени во ноември во напади кои и се припишуваат на вооружена група од Уганда.