Над 13 милиони Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош од меѓународната заедница, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош и справуавње со кризи, Христос Стилијанидис.

Во изјава пред втората конференција на меѓународни донатори за Сирија во Брисел, тој нагласи дека хуманитарната ситуација во Сирија се влошува.

– Над 13 милиони луѓе од кои шест милиони се деца, имаат потреба од хуманитарна помош, изјави Стилијанидис.

Тој додаде дека други два милиона Сиријци живеат на места до кои е невозможно да биде доставена помош.

Претходната донаторска конференција за Сирија се одржа во април 2017 година кога беа собрани шест милијарди долари. За обнова на Сирија се потребни најмалку 200-300 милијарди долари, објавија ОН.