Бројот на луѓе кои исчезнаа во пожарот во Калифорнија се искачи на 1.276, додека властите утврдија каде се наоѓаат стотина лица кои ги напуштиле нивните домови кога огнената стихија го зафати северниот град Парадајс.

– Форензичките тимови кои ги пребаруваат изгорените рушевини ги пронашле смртните останки на уште пет лица, со што бројот на загинати лица се зголеми на 76 – соопштија локалните власти.

Пожарникарите се обидуваат да ја совладаат смртоносната огнена стихија, но силниот ветар им ја отежнува работата.

Претседателот Доналд Трамп го посети Парадајс и вети целосна поддршка од страна на федералната Влада.