Армијата на Нигерија соопшти дека спасила повеќе од илјада луѓе кои беа држани во заробеништво од страна на исламистичката група Боко Харам.

– Меѓу заробениците најголем број се деца и жени. Тие беа држени во четири села во областа Бама, во нигериската држава Борно – изјави портпаролот на нигериската армија, Тексас Чувку.

Тој додаде дека мажите биле принудени да се борат на страната на Боко Харам.

Чувку не наведе детали кога е спроведена и колку траела   спасувачката операција.