Во интерен извештај на германската Сојузна канцеларија за миграции и бегалци (БАМФ) се посочува дека на над 1.000 мигранти им е доделен азилантски статус во Германија, иако не ги исполнувале условите за тоа.

– Постои загриженост дека на над 1.000 мигранти во Германија по грешка им е доделен азил, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Според него, поради тој пропуст можно е да има и разрешувања во БАМФ.

„Шпигел“ објави дека директорката на БАМФ, Јута Корт уште во февруари 2017 година била информирана за пропустот со азилантите.

БАМФ засега одби да ги коментира ваквите наводи, иако потврди дека раководството на Канцеларијата по електронски пат било известоно за „спорни пријави за азил во Бремен“.