Полицијата приведе илјадници луѓе, учесници на вчерашниот недозволен протест во центарот на Москва, пренесува ТАСС.

– 1074 лица се приведени на недозволениот собир во центарот на главниот град поради нарушување на мирот – изјавил еден полицаец.

Претходно во текот на денот полицијата пријавила околу 295 уапсени.

Вкупно 3.500 луѓе учествувале на собирот. Американската агенција „АП“ пренесе дека дошло и до физички судири помеѓу учесниците на протестот и полицајците кои носеле шлемови, како и дека демонстрантите извикувале „Русија ќе биде слободна“.

Како што се наведува, протестот го свикал опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој токму поради тоа, во средата беше осуден на 30 дневен притвор.

Во пресрет на протестот, неколку членови на опозицијата биле уапсени, вклучително и Илија Јашин, Дмитриј Гудков и најблискиот соработник на Навални, Иван Жданов.

Според информациите, протестот бил свикан поради одлуката на изборните власти да им забранат на одделни опозициски кандидати да учествуваат на изборите за градско Собрание, бидејќи наводно не собрале доволно потписи.