Египетските власти уапсија повеќе од 1.100 луѓе, по протестите овој викенд во неколку градови од каде беше побарана оставка на претседателот Фатах ал-Сиси, соопштија организациите за човекови права. Меѓу уапсените се и некои истакнати опозициски фигури, портпарол на кандидатот за претседател на минатогодишните избори и познат писател.

Спротивно на забраната за собири без дозвола од владата, стотици лица излегоа на улиците на Каиро и другите градови во петокот во знак на протест против корупцијата. Протестите продолжија во саботата на брегот на Црвеното Море.