Повеќе од два милиона муслимански верници се собраа на планината Арафат, во близина на Мека во Саудиска Арабија, на еден од врвовите на годишниот аџилак. По најголемата жештина, верниците извикуваа: „Еве ме, Боже, јас одговарам на твојот повик. Еве ме”.

На Планината ќе останат од зори до мрак, молејќи се и рецитирајќи од Коранот.

Аџилакот почна вчера со собирање на верниците во пустинската долина Мини кај Мека, каде што ја поминаа ноќта облечени во бело платно без шавови, симболизирајќи еднаквост, верско единство и желба за духовно обновување.

Муслиманите веруваат дека пророкот Мухамед на Арафат го држел последното проповедање пред 14 век.

Потоа верниците ќе се упатат кон рамницата Муздалифах, каде што ќе собираат камења за симболичкото каменување на сатаната во долината Мина, околу седум километри североисточно од Мека.

Илјадници саудиски безбедносни сили се распоредени на различни локации за аџилакот, за да спречат човечки стампеда.

Во последниве години, аџилакот беше обележан со политички немири, пожари и смртоносни стампеда. Во 2015 година, повеќе од 750 луѓе загинаа во стампедо за време на ритуалното фрлање камења во Мина.

Се очекува муслиманите да одат на аџилак барем еднаш во својот живот, ако се здрави и имаат доволно пари за да го сторат тоа.