Европската електродистрибутивна мрежа денеска соопшти дека целосно е отстранет проблемот во нејзиниот систем, што предизвика доцнење на дигиталните часовници во голем дел од ЕУ.

Во соопштението се посочува дека 25-те земји членки на мрежата презеле мерки со кои фреквенцијата на струјата во европскиот енергетски систем е вратен на стандарните 50 херци.

Портпаролоата на мрежата Клер Ками изјави дека дигиталните часовиници, кои го покажуваат времето врз основа на фреквенцијата на електроенергетскиот систем, од денеска се повторно точни.

Европската асоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи на 7 март соопшти дека поради намалување на фреквенцијата во електричната мрежа во ЕУ, многу дигитални часовници доцнат, што е настан без преседан.

Според Асоцијацијата, причина за отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци, било недоволното снабдување со електрична енергија од реонот на Косово и Србија, предизвикано од политичкиот спор меѓу двете земји. Стануваше збор за недостиг на струја од 113 гигават часови.

Асоцијацијата посочи дека овој проблем започнал кон средината на јануари и дека се проширил во 25 европски држави – „од Португалија до Полска и од Грција до Германија“.

Поради намалувањето на фреквенцијата на струјата електричните часовници доцнеа по околу шест минути.