Руските истражители го обвинија затворениот опозиционер Алексеј Навални за кршење на правата на руските граѓаните, посочувајќи дека тој претставува опасност за јавноста поради наводните дејствија на една од неговите политички кампањски групи, пренесува РТ.

Во соопштението на Истражниот комитет на Русија во средата, се посочува дека Антикорупцискиот фонд (ФБК) на Навали ќе биде обвинет за поттикнување граѓани да извршуваат незаконски дејствија.

Основан во 2011 година, фондот беше регистриран како странски агент поради финансирањето во странство пред судот во јуни да го означи како екстремистичка организација и потоа да го ликвидира.

Двајца од најистакнатите сојузници на Навални, Леонид Волков и Иван Жданов, кои моментално живеат во странство, исто така се соочуваат со обвиненија за својата криминална вмешаност во фондот.

Навални, кој веќе е во затворска колонија за финансиски криминал се соочува со дополнителни максимални три години додадена на неговата затворска казна поради новите обвинувања, а на Волков и Жданов, според Кривичниот законик на Русија, им се заканува затворска казна од осум години.

Обвинителите тврдат и дека ФБК ја охрабрувал јавноста да присуствува на неовластени протести низ земјата во два викенда во јануари, спротивно на воведените мерки против пандемијата со ковид-19, на кои десетици илјади излегоа на улиците за да демонстрираат против апсењето на Навални.

– Навални секако беше свесен за незаконската природа на планираните настани. Тој беше свесен дека треба да очекува административна одговорност за поттикнувањето учество на неовластени собири – вели Светлана Петренко, портпарол на Истражниот комитет.