Руски суд на опозицискиот активист Алексеј Навални му беа изрече нова казна затвор во траење од 20 дена.

Навални вчера беше ослободен од затвор по издржувањето на 30-дневната затворска казна поради организирање на протест без дозвола.

Но, веднаш по пуштањето од затвор, Навални повторно беше уапсен поради протест на кој беа повредени полицајци и оштетено полициско возило.

Навални е познат по објавувањето на обвиненија за корупција против руските власти. Неговото апсење доаѓа во време кога илјадници Руси протестираат против најавената пензиска реформа.