Алексеј Навални е вратен во првобитниот затвор каде што ја издржуваше затворската казна, откако се опорави од штрајкот со глад во болничкиот оддел на друга затворска единица, објавија денеска руските агенции.

45-годишниот Навални објави дека ќе штрајкува со глад на крајот на март, барајќи подобра медицинска помош во затворот, бидејќи имаше остра болка во нозете и грбот.

Тој го прекина штрајкот со глад во април по укажаната лекарска помош.

Во февруари, судот во Москва го осуди Навални на две и пол години затвор, под обвинение дека ја прекршил условната казна додека се опоравуваше од труење во Германија, чин за кој Навални ги обвини руските власти.