Илхан Омар (Минесота) пристигнала во САД како бегалка од Сомалија
Конгресот на САД ќе ги смени своите интерни правила по иницијатива на една муслиманка, која е избрана за конгресменка, со цел да се дозволи носење хиџаб во зградата.

Илхан Омар, поранешна сомалиска бегалка, беше избрана за член на Претставничкиот дом од Демократската партија. Таа е вклучена во менувањето на правилата на Конгресот, кој 181 година забрануваа главата на луѓето да е покриена со нешто кога се во зградата. 

Сега се планираат исклучоци од религиозни причини. Тука спаѓаат исламската марама, еврејска кипа и индиски турбан.

Претставничкиот дом, во кој сега мнозинство имаат демократите, промената би требало да ја одобри во јануари.

Во меѓувреме, Илхан Омар најави дека ќе смени уште неколку забрани.