Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин побара денеска од ОН да помогнат во проверките за планираното затворање на севернокорејскиот полигон за нуклеарни тестови.

Мун барањето го упатил во разговор со генералниот серкетар на ОН, Антонио Гутереш, јави Јонхап.

Пјонгјанг вети затворање на полигонот за нуклеарни проби во Пунгје за да гарантира транспарентно своја посветеност за прекин на сите нуклеарни и ракетни проби.