Москва е подготвена да соработува со Берлин 24 часа на ден во ситуацијата со Алексеј Навални, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Ние сме подготвени 24 часа на ден за соработка со германската страна. Би сакалa да потсетам дека, кога рускиот амбасадор беше во германското Министерство за надворешни работи, тој праша дали има некои специфични податоци што руската страна може да ги добие за анализа за целите на истрагата. Ништо не му беше предадено. Ситуацијата е иста и денес – изјави Захарова за телевизија„ Русија 24 “.