Москва и Пекинг се договорија за изградба на уште четири нуклеарни постројки во Кина, кои ќе ги проектира Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург, пренесува „ТАСС“.

– Во Кина се изградени четири нуклеарни електрани Тианван со учество на Русија – изјави Путин пред учесниците на форумот. Постигнати се договори за изградба на уште неколку нуклеарни постројки во Русија – изјави Путин.

Рускиот претседател ја потенцираше и растечката билатерална соработка на полето на научните истражувања.