Москва ги повика „покровителите“ на Приштина да ги вразумат раководството на косовските Албанци, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пренесува ТАСС.

– Мора да се констатира дека Косово останува главен извор на нестабилноста и потенцијал за судир во регионот. Оваа територија е практично неконтролирана. Таа не е само извор за нестабилност туку е и потенцијално опасна, неконтролирана територија во центарот на Европа. Се надеваме дека „покровителите“ на Приштина, кои на Балканот не се водат од интересите за земјите и народите што живеат таму, туку од сопствените интереси, ќе го искористат своето влијание за да го вразумат косовско-албанското раководство зашто, во спротивном последиците би можеле да бидат непредвидливи – истакна Захарова на брифингот.

Таа додаде дека апсењето и претепувањето на руски државјанин, службеник на ОН со дипломатски имунитет, сведочи за атмосферата на целосна неказнивост во земјата, на апсолутно непочитување на меѓународното право и нормите на цивилизираната меѓународна комуникација.

– Русија ќе продолжи внимателно да го следи напредокот на истрагата за инцидентот и ќе инсистира на казнување на извршителите низ целиот команден сиџир – рече таа.