Кремљ денеска соопшти дека воведувањето воена состојба во Украина по инцидентот во Керченскиот Теснец би можело да доведе до зголемување на тензиите во југоисточниот дел на Украина.

– Воведувањето воена состојба во разни делови на земјата би можело да доведе до ескалација на тензиите во конфликтниот регион во југоисточниот дел на Украина – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша указ за прогласување воена состојба во државата, која ќе трае 30 дена. Указот беше одобрен во украинската Врховна рада и утре ќе стапи во сила.

Руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.