Ендрју Голден при неговото апсење во 1998 година

Човекот кој имаше 11 години во 1998 година, кога со својот другар пукаа и убија пет луѓе во основно училиште во сојузната држава Арканзас во САД, загина во сообраќајна несреќа, објави „Њујорк пост“.

Дру Грент (33), кој го промени своето име од Ендрју Голден, го загуби животот откако со својот автомобил директно се судрил во друго возило. Во несреќата загинале уште четири лица во другото возило, вкучувајќи и едно дете. Засега, нема информации кој е одговорен за несреќата.

На 24 март 1998 година, Голден и неговиот тогаш 13-годишен пријател Мичел Џонсон вкучија аларм за пожар во основното училиште „Вестсајд“ во градот Џоунсборо и пукаа во луѓе додека тие се евакуираа. Во нападот загинаа две 12-годишни и две 11-годишни девојчиња и една наставничка.

Младоликите убијци беа судени како малолетници, што значи дека судот ги затвори нивните досиеја и се очекуваше тие да останат во притвор се додека не наполнат 21 година, според тогашните закони на државата Арканзас.

Сепак, Џонсон беше ослободен во 2005, а Голден во 2007 година. Во 2017 година, жртвите на семејствата добија 150 милиони долари како отштета од судот.

Роднините на убиената наставничка изјавија за „Њујорк пост“ дека не се сигурни како да се чувствуваат по смртта на Голден.

– Веста за смртта на Голден денес предизвикува измешани емоции во нашето семејство и сигурни сме дека истото се случува кај другите семејства кои имаа жртви во нападот на училиштето – изјавија од семејството.