Преодната влада на Боливија поднесе обвинение за бунт и тероризам против поранешниот претседател Ево Моралес, пренесе „Ројтерс“.

Вршителот на должност министер за надворешни работи, Артуро Муриљо, изјави дека обвинението се однесува на видео –снимката на која наводно се слуша како Моралес координира со блокадите за време на уличните протести во Боливија.

Муриљо додаде дека владата бара максимална казна од 15 до 20 години затвор за Моралес.

Кризата во Боливија почна по победата на Моралес на оспорените избори на 20 октомври. Тој поднесе оставка на 10 ноември, а потоа доби азил во Мексико.