Лични и веројатно деликатни податоци за пациенти најверојатно се украдени од стотици германски болници, јави ДПА.

Асоцијацијата, одговорна за болници во реонот на Рејнланд известила членки со писмо во средината на април за евентуална кражба на податоци од околу 300 болници во Германија во изминатите 10 години.

Во писмото се вели дека според информации на операторот, украдени се над една третина од деликатните податоци кои болниците се должни да ги собираат во изминатите 10 години.

Освен финансиски и лични податоци можно е да се украдени и други информации за пациентите. Болничката асоцијација на Рејнланд ја потврди автентичноста на писмото што го цитира и весникот Билд.