Премиерот на Пакистан, Имран Кан, отворено предупреди дека е можна војна поради индиската репресија во спорниот хималајски регион Кашмир.

Неговата изјава следи во моменти на зголемена блискост помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и индискиот премиер Нарендра Моди, кои разговараа двапати во последните три дена. Трамп ги повика двете страни да ги надминат разликите.

Обраќајќи им се на новинарите во Генералното собрание на ОН, Кан го нарече Моди расист.

Од друга страна, пак, Трамп кога ги повика двете страни да ги решат несогласувањата, го пофали Моди, нагласувајќи дека тој е популарен како американската рок-легенда Елвис Присли.

Владата на Моди воведе полициски час и ги прекина речиси сите комуникации на жителите на тој регион. Кан истакна дека народот во Кашмир е излоиран веќе 50 дена, поради 900.000 војници, обвинувајќи дека се вршат масовни апсења, дека болниците не функционираат и дека владее цензуира на медиумите.