Имаше моменти за време на посетата на Емануел Макрон на Бејрут во четвртокот, кога восхитот кон него беше далеку поголем отколку што може да очекува во Париз, а гневот беше насочен кон целата либиска владејачка класа, обвинета за разорните експлозии кои го потресоа градот во вторникот, пишува „Блумберг“.

Лесно е да се претстави појавувањето на Макрон во Бејрут како политички театар. Тој секогаш ќе добиеше попријателски пречек во франкофилското предградие на источен Бејрут, отколку во јужните предградија контролирани од Хезболах. Но нема сомнеж дека францускиот претседател стори нешто што малкумина локални се осмелија да го сторат – да ги ислушаат маките на трауматизираниот народ и да ветат дека ќе помогнат.

Макрон ги кажа вистинските работи. Дека Либанците не беа сами во тагата и дека тој ќе ги поттикне меѓународните донатори за помогнат во изградбата на разурнатиот главен град, како и дека парите нема да одат во корумпираните раце на либанските политичари. Тој вети дека ќе се врати во Бејрут на 1 септември за лично да се увери дека франуската помош спроведена преку невладините организации ќе оди директно до народот во Либан. Макрон исто така повика на меѓународна истрага за експлозиите, за да се осигури дека ништо нема да остане сокриено и за да нема сомнеж.

Тоа беше Макрон во неговото државничко издание, зборувајќи не само во името на Франција, туку и во името на светот и ветувајќи дека ќе го пресече геополитичкиот Гордиев јазол. Но, францускиот претседател има слаб учинок при претворањето на реториката во резултати.

Неговиот обид да посредува при американско-иранската конфронтација минатата година му донесе презир од двете страни. Неговото покажување со прстот кон виновниците во либиската граѓанска војна исто така не го поштеди од непријатности. Неговиот ентузијазам за борба против терористичките групи во африканскиот регион на Сахел ги остави француските сили во „кал“.

Тој можеби чувствува дека ги има нештата во поранешниот француски протекторат Либан под контрола, каде што не треба да се грижи за конкуренција. Ниту еден друг светски лидер не се пријави за улогата на спасител на Либан. Доколку Макрон е решен, Франција би можела сама да ја спаси погодената економија на Либан. Тогаш Макрон не би морал  да се соочува со Доналд Трамп, Реџеп Таип Ердоган, ниту со Ангела Меркел.

Но би требал да се справи со непријателски настроените либански политичари кои се противат на какви било политички и економски реформи кои би можеле да им ги одземат привилегиите во кои спаѓа и слободата за користење на државните ресурси. Затоа францускиот метод ќе треба да употреби поцврсти методи. А „најтврдиот орев“ меѓу либанските лидери е Хасан Насралах, водачот на Хезболах. Тој е причината поради која повеќето светски лидери беа претпазливи при вклучувањето во либанската економска криза. На прес-конференцијата во Бејрут, Макрон го повика Хезболах да ги поддржи реформите и да мисли на интересите на Либан, а не на оние на Иран од кого има поддршка.

А тука е и либанскиот народ кој е истрауматизиран и очајнички посакува промени. Тие се надеваат во ветувањата на Макрон и очекуваат да видат резултати пред неговото враќање во Бејрут. Ако Макрон не успее да ги исполни ветувањата улиците на Бејрут следниот пат нема да бидат му пружат пријатно добредојде.