Традиционалниот форум Европа – Украина ќе го одржи тринаесеттото издание во Жежов, Полска (на 4 и 5 февруари), каде што гостите од Полска, Украина, како и од други европски и неевропски држави ќе дискутираат за иднината на Украина. 

Годинашното издание ќе биде  под мотото „Нови можности, стари закани“. Од 2007 година, ова беше еден од клучните настани организирани од Институтот за источни студии. Во фокус на форумот, меѓудругото ќе бидат прашањата поврзани со продолжувањето на реформите и модернизацијата на Украина, со новата администрација избрана на претседателските и парламентарните избори. 

Украинското општество има големи очекувања од новоизбраните власти. Сега останува прашањето, кои политики ќе бидат спроведувани од новите власти и дали Украина целосно ќе ги искористи можностите понудени од соработката со ЕУ и со НАТО. Кои се следните чекори на Киев и на неговите западни партнери за да се осигури континуираниот развој на државата и продлабочување на интеграцијата со европските и евроатланстските структури.

На форумот ќе присуствуваат повеќе од 800 учесници од Полска, Украина, членките на ЕУ, како и од САД. Нивното внимание ќе биде насочено на предизвиците со кои се соочува европската заедница со вклученоста во украинското прашање. Планирани се над 50 панели за дискусија. А еден од придрушните настани ќе биде четвртиот Источен саем. За време на форумот Европа – Украина ќе се одржи и вториот словачки форум.