Двајца од тројца анкетирани Италијанци го поддржуваат пристапот на новиот министер за внатрешни работи и вицепремиер на Италија Матео Салвини за решавање на миграцискиот проблем, покажуваат резултати од анкета на јавното мислење. 

Поддршка за забраната  за бродови со спасени мигранти да влезат во италијанските пристаништа, изразуваат 63 отсто од учесниците во анкетата, а 94 проценти од поддржувачите на Лигата ја поддржуваат тврдата линија на нејзиниот лидер Салвини. На Салвини п оддршката му даваат и 84 проценти од електоратот на Напред Италија и 78 отсто од гласачите на Движењето Пет ѕвезди, коалициски партнер на Лигата.

Според анкетата, антиимиграциското расположение е карактеристично за една третина (33 проценти) од приврзаниците на политичкиот противник на владејачките – Демократската партија, која во последните пет години водеше политика за прием на мигранти. 

Опцијата Италија да прими мигранти, кои потоа ќе бидат префрлени во други земји од ЕУ, ја поддржуваат 36 отсто од анкетираните.

Агенција Сњг прави споредба со 2003 година, кога мнозинството од Италијанците (64 отсто) ги сметале мигрантите како дополнителен ресурс за развојот на економијата. Во 2012 година, овој показател падна на 50 отсто, а минатата година оние кои го поддржаа приемот на мигранти не надмина 35 отсто.

Половина од Италијанците сметаат дека мигрантите се закана за безбедноста и пораст на криминалот.