Многу цивили загинаа или беа ранети годинава

Приближно 6.000 авганистански цивили загинаа или беа ранети во првите девет месеци од годинава, додека и натаму беснеат жестоките борби меѓу владините сили и талибанските бунтовници, соопштува мисијата на ООН за помош во Авганистан
Цивилните жртви се за 30 отсто помали од истиот период лани, но мисијата на ООН за помош во Авганистан посочи дека насилството не се намалило од почетокот на преговорите меѓу власта и Талибанците, кои почнаа во катарскиот главен град Доха минатиот месец, како што пренесува „Ројтерс“.
Талибанците се одговорни за 45 отсто од цивилните жртви, додека владините сили за 23 отсто, како што се наведува во извештајот. Американски предводените меѓународни сили се одговорни за два отсто од жртвите. Во теренските борби има најмногу жртви, а веднаш по нив следуваат самоубиствените и бомбашките напади на патиштата, целните убиства од страна на Талибанците и воздушните напади на авганистанските сили, како што соопшти мисијата на ООН.