Поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет избрана е на денешната седница на Генералното собрание на Обединети нации за висок комесар за човекови права на ОН.

Бачелет беше претседателка на Чиле во два мандата од 2006 до 2010 и од 2014 до 2018 година. Таа од 2010 до 2013 година беше раководител на Агенцијата на ОН за рамноправноста на половите. 

Бачелет ќе го наследи Јорданецот, Зеид Раад ел Хусеин, чиј мандат истекува на 31 август.

Нејзиниот татко, генерал Алберто Бачелет почина од срцев удар неколку месеци по мачењето по воениот удар во Чиле, откако беше обвинет за велепредавство.

Во 1973 година генерал Аугусто Пиноче го собори од власт тогашниот претседател на Чиле, Салвадор Аљенде.