Рускиот претседател Владимир Путин пред Државната дума за премиер го предложи Михаил Мишустин, претседател на руската федерална даночна служба.

– Претседателот Владимир Путин оствари работна средба со Михаил Мишустин и му ја понуди функцијата премиер. Откако доби согласност, ја предложи номинацијата на Мишустин за функцијата премиер за разгледување во Државната дума – се вели во соопштението од прес-службата на Кремљ.

Мишустин е на чело на Руската Федерална даночна служба од април 2010 година.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, денеска поднесе оставка и ја распушти владата.Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност на Русија. Медведев ќе биде именуван на должноста заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

Рускиот претседател денес објави важни уставни измени во политичкиот систем на земјата, по што владата, предводена од премиерот Дмитриј Медведев, поднесе оставка за да го дозволи тоа.