Чудни објекти кои се движат високо на небото над источниот брег на САД, биле забележани речиси секој ден од летото 2014 до март 2015 година. Пилоти на морнарицата пријавиле на нивните претпоставени дека објектите немаат видлив мотор или издувни гасови, но сепак можат да достигнат 9.144 метри и хиперсонични брзини, пишува „Њујорк тајмс“.

– Овие нешта се на отворено цел ден. Одржувањето на авион во воздух бара огромна количина на енергија. Со брзините кои ги забележавме, 12 часа поминати воздух е за 11 часа подолго од очекуваното – изјавил потполковникот Рајан Грејвс, кој ги пријавил инцидентите и до Пентагон и до Конгресот.

Кон крајот на 2014 година, почесниот пилот кој служи 10 години на морнарицата, Грејвс. бил премногу блиску да се судри со еден од објектите и поднел официјален извештај за несреќата.

Некои од инцидентите биле снимени, вклучувајќи го и оној на почетокот на 2015 година на која што се гледа објект над океанот и се слушаат пилотите на кои не им е јасно што точно гледаат.

– Што е тоа? Погледни како лета – се слуша некој од пилотите.

Никој од Министерството за одбрана не вели дека објектите биле вонземски и експертите укажуваат на тоа дека може да се најде приземно објаснување за ваквите инциденти.

Потполковникот Грејвс и четворицата други пилоти на морнарицата кои во интервјуа за „Њујорк тајмс“ изјавиле дека виделе објекти во 2014 и 2015 година за време на обуките од Вирџинија до Флорида, не можат да го потврдат нивното потекло.

Но објектите го привлекле вниманието на морнарицата, која на почетокот на годинава испрати нови класифицирани упатства за да ги истражи овие неидентификувани летачки објекти.

– Имаше многу различни извештаи. Во некои случаи се работеше за комерцијални дронови, но за други, пак, не знаевме кој управува со нив и немавме доволно податоци за да ги следиме – изјавил Џозеф Грејдишер, портпатол на морнарицата.

Пилотите одбиле да шпекулираат што точно можат да бидат овие објекти.

– Ние сме тука врвно да ја работиме својата работа, не да измислуваме митови – изјавил поручникот на морнарицата Дени Акоин.