Британската студентка Аланда Катленд загина откако паднала од авион „цесна“ за време на патување во Мадагаскар.

Полицијата соопшти дека таа паднала од авионот десет минути по полетувањето, кога леталото било на висина над 1.000 метри.

Како што наведува „Индипендент“, локалната полиција истражува дали студентката од Кембриџ сама ја отворила вратата и скокнала од авионот.

Според наводите на весникот, пилотот и другата патничка во авионот се обиделе да ја вратат девојката во внатрешноста на леталото држејќи ја за нога, но не успеале.

Нејзиното тело сè уште не е пронајдено.