За првпат по 18 години, Владата на САД изгледа сериозно заинтересирана за повлекување од Авганистан и завршување на најдогата војна во нивната историја, вели анализата на Би-би-си.

Од октомври оваа година, официјални лица на САД и претставници на талибанците одржаа пет директни рунди на преговори и се наоѓаат пред шестата средба. Целта на преговорите е да се осигура безбеден излез на САД од Авганистан, а за возврат сакаат да добијат гаранција од бунтовниците дека авганистанската територија нема да се користи од странски армии и дека нема да претставуваат безбедносна закана на светот, пишува Давуд Азами за Би-би-си.

Коалицијата предводена од САД во 2001 година ги собори од власт талибанците поради помагање на терористичката група Ал каеда, милитантите кои беа обвинети од страна на Вашингтон за терористичкиот напад врз кулите близначки на 11 септември истата година.

Консензусот за решавање на конфликтот без војна, и во Авганистан и надвор од оваа земја, значи дека мирот никогаш не бил поблиску за оваа земја.

Но, преговорите на САД и талибанците во главниот град на Катар, Доха, се само првата фаза од сложениот процес со неизвесен исход и сè уште има многу препреки кои треба да се надминат.

Дали треба да има прекин на огнот?

Според констатациите на Би-би-си и Азами, сè уште интензивно се војува на територијата на целата земја, и додека талибанците преговараат, во моментов контролираат најголема територија во земјата уште од 2001 година.

Со оглед на тоа што преговорите со бунтовниците не водат никаде, претседателот на САД Доналд Трамп е заинтересиран да ја заврши војната која според официјални лица, Америка ја чини околку 45 милијарди долари годишно.

Неодамнешните намери на Трамп да ги повлече повеќето од неговите 14 илјади војници во брза идина од земјата ги изненади сите во светот, вклучувајќи ги и талибанците.

Дополнително, во земјата има и други армии и војски на мисиите на НАТО, вклучувајќи и илјада британци кои ги обучуваат и им помагаат на авганистанските безбедносни сили.

Познавачите на состојбите сметаат дека дури и во случај ако САД и талибанците ги разрешат нивните главни проблеми, самите авганистанци ќе треба да најдат начин да најдат решение за неколку клучни прашања. Станува збор за преговорите за прекинувања на огнот, дијалогот меѓу талибанците и Владата на Авганистан и најважниот дел, формирање на нова влада и политички систем, точки за кои се смета дека се најважни пред целосното повлекување на САД од земјата.

Во идеални услови, по прекинот на огнот би следувале нови избори подоцна оваа година во кои и талибанците би биле вклучени, но оваа варијата засега останува малку веројатна.

Дали талибанците би подржале формирање на ваква влада?

Создавањето на привремена и неутрална влада или владина коалиција која би ги вклучила и талибанците е уште една можност во сценариото за преговорите.

Постои можност авганистанците да бидат повикани да изберат привремена влада која би ги организирала изборите по повлекувањето на САД и реинтеграцијата на талибанците во државниот апарат.

Друга можност, според пишувањата на Давуд Азами, е преку меѓународна конференција создавање на власта во Авганистан, која покрај авганистанците и талибанците, би ги вклучила и големите сили и соседните држави.

Како би изгледал можниот хаос?

Тековните преговори за примирје би им овозможиле на талибанците да учествуваат во Владата на Авганистан. Ова би значело крај на војувањето и формирање на иклузивна Влада во земјата, што е победа за авганистанците, САД и земјите во регионот.

Но, алтернативата на овој исход не е поволна, поради тоа што постои можност за интензивирање на конфликтот и нестабилноста во Авганистан, земја која е стратешки лоцирана во регион опкружен со голем број на светски сили како што се Кина, Русија, Индија, Иран и Пакистан.

Дополнително, нестабилноста би можела да резултира со создавање и појавување на нови насилни екстремистички групи. Авганистанците, но и остатокот од светот би требало повторно да се справи со можен т.н. вакуум во кој милитантните групи како Ал каеда и Исламската држава (ИД) во минатото го искористија како плодна почва за нивни милитантни дејствувања.

Кој ги претставува талибанците?

Талибанската делегација ја сочинува т.н. „петката од Гвантанамо“, односно поранешни високорангирани официлајни лица уапсени по падот на талибанскиот режим во Авганистан и лица кои околку 13 години беа во озлогласениот затвор Гвантанамо.

Тие беа испратени во Катар во 2014 година при размена на затвореници која го вклучуваше американскиот војник Боув Бергдал, американски војник заробен од бунтовниците во 2009 година.

Од горе лево:

– Мохамад Фазл – талибански заменик министер за одбрана за време на инвацијата на САД во 2001 годин

– Мохамад Наби Омари – човек со наводни блиски врски со милитантната мрежа Хакани

– Мулах Норулах Нори – воен командир на талибанците и поранешен провинциски гувернер

– Каирулах Каирква -министер за внатрешни работи на талибанците и гувернер на Херат, трет најголем град во Авганистан

– Абдул Хак Васик – заменик на првиот човек на разузнавачката служба на талибанците