Талибански милитанти убија најмалку 26 членови на провладината милиција во северот на Авганистан, на истиот ден кога нивни претставници треба да се сретнат со официјални лица од владата на САД за нова рунда мировни преговори во Катар, јавува „Ројтерс“.

Официјални лица од кај талибанците преземаа одговорност за нападот врз милицијата во провинцијата Баглан, велејќи дека имаат убиено 28 членови на групата, повредувајќи дополнителни 12 лица.