Советот на министри за општи и европски работи на Европска Унија на денешната средба ќе разговара за новата методологија на процесот на проширување.

Методологијата на министрите во Брисел ќе им ја претстави комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Советот на ЕУ најави дека станува збор за презентација на предлогот на Европската комисија за продолжување на пристапниот процес и дека не се очекува поширока дебата или усвојување на одредени заклучоци, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Советот на министи на ЕУ ќе се наврати на политиката за проширување во март за да се усвојат заклучоци и да се подготви мартовскиот самит на лидерите на ЕУ, на кој се очекува повторен обид за консензус меѓу земјите-членки за давање „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија.