Британската министерка задолжена за односи со парламентот, Андреа Лидсом, изјави вечерва дека поднесува оставка бидејќи повеќе не верува оти владата може да го спроведе брегзитот.

-Со големо жалење и тешко срце одлучив да поднесам оставка- наведе министерката на „Твитер“.