Данскиот милијардер, Андерс Холч Повлсен, заедно со семејството ги погреба своите три деца кои беа убиени во терористичките напади за Велигден во Шри Ланка.

На погребот на Алма, Ангес и Алфред, во данскиот град Архус, вчера дојдоа бројни членови на данското кралско семејство, како и премиерот Ларс Локе Расмусен. На погребот беше и единствената преживеана, ќерката Астрид.

На комеморацијата, еден ден пред погребот, била прочитана изјавата на Повлсен, во која се наведува дека ова е целосно неразбирлива загуба, но благодарни се на семејството и соседите на љубовта и поддршката и ветиле дека заедно ќе најдат излез од оваа трагедија.