Милијардерот Ворен Бафет, односно неговиот фонд Беркшир хатавеј, купи уште 75 милиони акции на Епл (Apple).

Со тоа овој бизнисмен дополнително го зголеми својот удел во ИТ компанијата – сега има вкупно 240,3 милиони акции во вредност од 42,5 милијарди долари.

– Тоа е неверојатна компанија. Мислам дека заработува двапати повеќе од другите најпрофитабилни компании во САД “, истакна Бафет.