Во последниве 24 часа, милитантите во областа за деескалација на Идлиб гранатираа девет населби во провинциите Хама и Латакија, изјави во вторникот шефот на рускиот Центар за помирување на конфликтните страни, Виктор Купчишин.

-Во последните 24 часа, милитантите ги гранатираа населбите Кермел (двапати), Кесаб, Дар-абу-Асад, Сањека, Џуб ез-Заур, Нашиба и Сафсафа во провинцијата Латакија, како и Ал-Хауш и Скалбија во провинцијата Хама- рече Купчишин.

Тој додаде дека сириските власти продолжуваат да амнестираат луѓе кои ја избегнувале воената обврска, вклучувајќи ги и бегалците и поранешните милитанти.

Од 13 мај 2019 година, 57.944 луѓе беа амнестирани.