Познатата Миланска катедрала (Дуомо) ќе биде повторно отворена за посетители на 11 февруари, соопшти денеска управата на катедралата.

Катедралата во центарот на Милано е затворена речиси една година, од почетокот на пандемијата.

Во првата фаза, овој симбол на Милано ќе биде отворен од понеделник до петок од 10 до 17 часот, а на посетителите им се препорачува да купуваат билети преку интернет.