Руски авион-ловец од типот МиГ-31 се урна денеска во близина на градот Нижни Новгород.

Двајцата пилоти се катапултирале и го преживеале инцидентот.

Леталото паднало во шума и не предизвикало жртви или штета на земјата.