Активисти за човекови права тврдат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ги раздвојува децата од нивните родители на границата со Мексико.

Според нивните тврдења, и повикувајќи се на податоците на Министерството за правда, над 900 деца биле одделени од издавањето на судската наредба од 2018 година.

Владата може да ги раздели децата само ако нивните родители претставуваат опасност за нив, ако имаат криминално досие, ако извршиле насилство над нив или ако покажуваат негрижа.