Фото: Игор Бансколиев

Бранот мигранти од Африка, кои по секоја цена се обидуваат да стигнат до европското копно, не се смирува. Една од нивните омилени маршрути, која е преку Либија и понатаму со бродови до италијанските острови и копно, е секако и онаа преку двете шпански енклави Цеута и Мелила на крајниот северозапад на Африка, по должината на границата со Мароко. Ова, меѓу другото, го пишуваат новинските агенции, кои периодов сведочат дека повеќе илјадници мигранти од Африка деновиве насилно навлегле во енклавата Мелила од Мароко.
Според она што е достапно во новинските извештаи на оваа тема, полицијата и пограничните безбедносни служби во овој регион, кој граничи со Европа, не се во состојба да ги одвратат бегалците, кои по секоја цена се обидуваат да стигнат на шпанската територија, па потоа до европска почва. Како што јавува „Ројтерс“, мигрантите користат јажиња со куки за да ја прескокнат шестметарската ограда што ја одвојува пограничната шпанска територија. При налетот на илегалните минувачи, полицијата минатата недела дури на неколкупати употреби и огнено оружје за да го спречи нелегалното навлегување на шпанската територија.
– Мигрантите се искачија со јажиња со куки на шестметарската ограда, од кои 238 мажи упаднаа на шпанска територија. За време на овие немири, тројца полицајци од единицата, кои се обидоа да спречат нелегално пробивање на мигрантите на шпанска територија, беа полесно повредени – јави „Ројтерс“.

Инаку, западните медиуми потсетуваат на случајот со Австралија од пред околу 10 години и како земјата го реши проблемот со приливот на илегален и масовен влез на Кинези и на други Азијци на нејзините брегови. Имено, проблемот пред тоа не можеше ефикасно да се реши со никакви политички апели, па дури ни со закани, сè додека државниот врв на таа земја не донесе одлука да отвори оган врз илегалните мигранти. Кога еднаш се направи тоа, при што беа потопени неколку чамци со мигранти, одеднаш приливот на мигранти, што Канбера правилно го оцени како закана за нејзината национална безбедност, беше запрен засекогаш, пишуваат светските медиумски куќи.
Во меѓувреме, австралиската влада не претрпи големи критики од клучните позиции во меѓународната заедница за својата одлука. Од друга страна, од добро позната причина, некои медиуми наведуваат дека ЕУ засега не го сака тоа, додека елитите на земјите-членки, особено помалите и економските послаби, одамна се предадоа себеси и државниот суверенитет на Брисел и не одлучуваат за националните политики и одлуки.