Британската премиерка Тереза Мај изјави дека денеска ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за наводниот хемиски напад во Сирија.

– Ќе продолжам да разговарам со нашите сојузници и партнери како што правев. Утрово разговарав со претседателот Макрон, а подоцна ќе разговарам и со претседателот Трамп, информира Меј.

На прашањето дали Велика Британија ќе им се приклучи на САД доколку Вашингтон одлучи да преземе понатамошни воени дејствија во Сирија, таа одби директно да одговори на прашањето, но рече дека „смета оти треба да се побара одговор од одговорните“.

Меј рече дека вечерва ќе претседава со состанок на Британскиот совет за национална безбедност.

– Нападот извршен во Дума, е варварски. Очигледно е дека итно работиме со нашите сојузници и партнери за да се процени што се случило на терен, рече таа.