Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави денеска дека досега 25 држави донеле одлука за протерување на руски дипломати поради случајот Скрипал.

Таа, исто така, ја истакна одлуката на НАТО да протера седум дипломати од руската мисија во Алијансата.

– Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме – изјави Меј во британскиот Парламент.

– Тоа не е едноставно прашање, поврзано со позицијата на Велика Британија и влијанието на Велика Британија. Мислам дека тоа го засега интересот на националната безбедност на земјите, рече таа.

Според неа, британската влада прави преглед на визите издадени на богати странски инвеститори, но проверките не се фокусирани конкретно на Руси.