Британската премиерка Тереза Мај денеска изјави дека сака договор за Брегзит, кој ќе биде добар и за Обединетото Кралство и за Европската унија, вклучувајќи ја „силната и длабока” соработка за безбедноста.

Во изјавата по завршувањето на преговорите помеѓу лидерите на ЕУ посветени главно на миграцијата, Меј рече дека сака да го забрза темпото на преговорите за Брегзит, откако Лондон ја објави својата Бела книга за идните врски на Британија со ЕУ.